НОВИ 55 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПРОЕКТИ ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН!!!
Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, потпиша Договори за реализација на два нови проекти со Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 со индикативно планирани средства за 2023 година.
Во текот на изминатиот период ЦРЈИПР ги потпиша и Договорите за партнерство со општините кои се дел од овие проекти. Вкупниот износ на средства обезбедени од Бирото за регионален развој изнесува 45.193.538,00 денари, а општините партнери ќе учествуваат со сопствено учество од вкупно 10.215.350,00 денари, во проектите:
- „Туризмот – иднината на регионот“ за кој се предвидени вкупно 35.153.979,00 денари, во кој како партнери се јавуваат вкупно шест општини во кои ќе бидат преземени активности кои ќе придонесат за збогатување на туристичката понуда во регионот и
- „Културното богатство – наследство за идните генерации“ за кој се предвидени вкупно 20.254.909,00 денари, во кој како партнери се јавуваат три општини во кои ќе бидат преземени активности за реконструкција на постоечките културни домови во овие општини.
Проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ создаде силни врски и пријателства меѓу учесниците на обуките
Заврши шестата финална активност во рамките на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“. Во последните два месеци Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини ги спроведе шесте специјализирани обуки наменети за професионалните пожарникари и доброволци од пограничните региони на Р.С. Македонија и Р. Бугарија. Целта на обуките беше збогатување и проширување на знаењата, нови искуства, практични вежби и користење на соодветна опрема во справувањето со шумски пожари, но и други природни и човечки предизвикани катастрофи.

Проектот создаде мрежа на нераскинливи пријателства и врски, како професионални така и приватни. Обуките поминаа во едукација, вежби и натпревар. Натпреварот помина во пријателски дух и беше одлична можност сите да се претстават во најдобро светло и да ги покажат своите вештини пред своите колеги.

Иако повеќето се со долгогодишно работно искуство, сепак сите учесници научија многу нешта и разменија искуства со своите колеги на терен.
Проектот ги сплоти сите доброволни и професионални пожарникари и остави отворени можности за нови проекти, нови идеи и идна соработка.
Вистинските херои се меѓу нас!
Обуките се дел од имплементацијата на проектот за “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Северна Македонија 2014-2020, проект кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини, Благовеград, Република Бугарија.
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА НОВИ ИНИЦИЈАТИВИ
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион преку Бизнис Центарот потпиша Меморандум за соработка со Економски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип.
Двете страни се согласија да соработуваат во широк спектар на активности и иницијативи од взаемен интерес како што е споделување на релевантни информации од заеднички интерес, учество на обуки, конференции, тркалезни маси и други активности поврзани со јакнење на капацитетот и квалитетот на услугите на двете страни, како и споделување на информации поврзани со можностите на студентите и младите од ЈИПР и размена на постојните и нови искуства.



Состанок во Струмица во рамки на проектот „Бизнис еко систем како интегриран систем – БИ ИН“
На 29 и 30 ноември 2022 година во Струмица беше одржан вториот состанок на претставници на проектните тимови од Регионот Централна Македонија – Грција, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Истражувачкиот Институт на Универзитетот Македонија, Грција за имплементација на проектот „Бизнис еко систем како интегриран систем – БИ ИН“, проект кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го имплементира од месец јануари оваа година во рамки на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција.
Целта на состанокот беше да се презенираат првичните сработени активности и резултати, активности кои треба да се завршат заклучно тековната година како и планирање и координација за спроведување на идни заеднички активности.
Се разговараше во врска со реализација на следните активности:
- Спроведување на прашалници и анкети со цел подготовка на Анализа за утврдување на моменталната состојба за квалификациите на работната сила и побарувачката на пазарот на трудот
- Организирање на студиско патување во Солун
- Давање на поддршка на МСП
- Развивање на алатки за промоција и транспарентност (социјални мрежи, е-библиотека..)
- Подготовка на финансиски извештаи
По извршената презентација од страна на сите проектни тимови следуваше дискусија за активностите кои треба да се завршат до тековната 2022 година како и за активностите кои се планирани да се реализираат следната година.
Заклучокот од состанокот беше дека дел од активностите се завршени и во следниот период треба да се посвети внимание за создавање и менаџирање со алатките за промоција со цел прикачување на материјали од реализираните активности и овозможување на соодветна поддршка за студенти, невработени лица, академскиот и бизнис секторот.
За време на вториот ден, претставниците на проектните тимови ги посетија канцелариите на Центарот за развој каде се присуствуваат на последниот ОТВОРЕН ДЕН за презентација на 3Д опрема која е набавена во рамките на проектот.


ОДРЖАНА XII (дванаесетата) СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈИПР
На 23.11.2022 година беше одржана седница на Советот за развој на ЈИПР. На оваа седница беа донесени Одлуки за покачување на платите на вработените во ЦРЈИПР и Одлука за вработување на еден извршител (хигиеничар) и еден координатор за имплементација на проекти, Исто така на оваа седница им беа пренесени заклучоците и приоритетните области кои произлегоа од одржаните форумски сесии. Беше избран нов Претседател на Советот, Г-н Ацо Ристов, градоначалник на општина Радовиш.
ЗНАЕМЕ ЛИ ДА КОМУНИЦИРАМЕ???
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, на 22.11.2022 година организираше работилница за ефективно комуницирање и подигнување на видливоста на регионалниот развој на која вработените од Центарот заедно со претставници од општините, невладиниот сектор и бизнис заедницата имаа можност да се запознаат со креирање на ПР план и бриф, како и тренининг за јавни настапи.
Беа донесени заклучоци дека сите засегнати актери со подобрување како на личните, така и на заедничките комуникациски вештини заедно можат да придонесат кон подобра промоција на регионалниот развој.
Оваа работилница беше дел од предвидените активности во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – фаза 2, финансиски поддржан од Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа.

ОДРЖАНА XIII (тринаесета) СЕДНИЦА ЗА РАЗВОЈ НА ЈИПР
На 13.11.2022 година се одржа тринаесетата седницата на Советот за развој на ЈИПР на која беа присутни 12 учесници, а истата беше одржана online. Надворешниот експерт Тихомир Петрески ги презентираше предлог концептите кои произлегоа од првата форумска сесија пред членовите на Советот кои крајната одлука ќе ја донесат по завршувањето на втората форумска сесија.
ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА 3Д ОПРЕМА
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со цел овозможување на поддршка во развој на нови идеи и вмрежување помеѓу академијата, бизнис заедницата, НВО и невработените лица започна со организација на 6 отворени денови за презентација на опрема за 3D скенирање и принтање која е набавена во рамките на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем – Be In“, финансиран преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија.
Отворените денови се организираат во периодот ноември – декември 2022 година во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а за време на истите претставници од бизнис секторот, образовните институции, невладини организации, фриленсери, идни претприемачи и истражувачи од Југоисточниот регион имаат можност да се запознаат со воведување на иновации во процесите на дизајнирање и производство на најразлични 3D производи преку користење на 3D принтери и скенери.
Првите два отворени денови беа организирани на 07 и 08 ноември 2022 година за време на кои професори и ученици од средните општински училишта од Југоисточниот регион се запознаа со начинот на работа на 3D принтерите, материјалите кои се користат, техничките спецификации, програмите кои се користат, но имаа и можност заедно со презентерите да дизајнираат и испринтаат макети, со цел да се запознаат како функционира 3D принтањето и времетраењето на еден ваков процес. Присутните ги разменија своите познавања и искуство за таков тип на принтање и неговото значење како во образовниот процес така и во индустријата.
Отворените денови продолжуваат да се одржуваат во нарeдниот период во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со почеток од 11.00 часот и тоа во следниот распоред:
ОТВОРЕН ДЕН #3 – 24.11.2022 г. (четврток)
ОТВОРЕН ДЕН #4 – 25.11.2022 г. (петок)
ОТВОРЕН ДЕН #5 – 30.11.2022 г. (среда)
ОТВОРЕН ДЕН #6 – 01.12.2022 г. (четврток)
Сите заинтересирани можат да го најават своето присуство на следниот контакт:
Лице за контакт: Марјан Молчанов, Тел: 076/228-823

ЦРЈИПР ЈА ОДРЖА ПРВАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ЗА 2023 ГОДИНА
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ја одржа првата форумска сесија на 09.11.2022 година и го најави започнувањето на процесот на Регионални форуми во заедницата за подготовка на проекти по Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година на Бирото за регионален развој.
На форумот беа присутни граѓани од различни категории од сите 10 општини на Југоисточниот плански регион кои имаа можност да идентификуваат и дефинираат приоритетни регионални проблеми за секоја од претходно утврдените приоритетни области.
Со цел подобрување на животот во регионот присутнContinue reading










