Климатските промени резултираат со зголемувањето на температурата на годишно ниво, намалување на деновите со врнежи и количеството на истите. Освен влијанието што го имаат врз луѓето со респираторни и кардиоваскуларни проблеми, истото има и влијание врз земјоделските и шумските култури. Уште позначајно е нивното влијание врз хидрометереолошки параметри кои ги опфаќаат подземните и надземните води т.е. нивното користење.
Уредување на дел од индустриски зони во ЈИПР, услов за зголемен економски развој
Југоисточниот плански регион е со најдинамичен раст во Р. С. Македонија воден од малите бизниси коишто доминираат со учество во производството и во вработувањата, поради тоа за одржување на ваквиот динамичен раст, се јавува потреба од соодветна инфраструктурна поврзаност на индустирските зони, како места каде ќе бидат лоцирани голем број од економските потенцијали на регионот.
Подобрување на локални патишта во општините Богданци, Гевгелија, Ново Село и Дојран
Потребата за сообраќајно-техничко решение коешто ќе прецизира реконструкција и ревитализација на локален патен правец од клучка P604 пат Струмица-Дојран до клучка P611 пат Валандово-Гевгелија преку населено место Црничани со вкупна должина на делницата од 800 метри (Проект 1), изградба на локален пат с.Зубово – спој со пат с.Ново Село и с.Мокриево, последна III фаза од КМ 1+340 до КМ 2+247 (Проект 2) и ревитилизација на пат с.Богородица – с.Стојаково – крстосница со регионален пат Гевгелија-Богданци I фаза (Проект 3) е од голема важност за граѓаните од овие населени места како и за развојот на еден регион.
Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш
Заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработката со бизнис секторот
Нашата идеја е да создадеме место каде сите целни групи од Југоисточниот плански регион ќе имаат олеснет пристап до услугите и зголемена активност и учество во различни активности кои се реализираат од страна на Регионалниот бизнис центар во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Агрометеролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина
Земјoделствoтo претставува еден oд дoминантните сектoри на лoкалната екoнoмија и игра важна улoга вo oстварувањето приходи на домаќинствата во рамки на Југоисточниот плански регион. Бидејќи Југоисточниот регион е карактеристичен по доста променлива клима би можело да се каже дека земјоделскиот сектор е најранлив на климатските промени.
Подобрување на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион преку изградба на патна инфраструктура во Сончевата Езерска населба Мантово
Езерото Мантово во општина Конче се смета за туристички локалитет со голем потенцијал на подрачјето на Југоисточниот плански регион. По капацитет тоа е втора акумулација во источниот дел на Република С. Македонија. Иако целосно се наоѓа во општината Конче, езерото е градено со цел да ги задоволи потребите и на соседните општини. Оваа област е веќе утврдена како главен туристички центар со постоечки урбанистички план кој треба да се развива, наречен „Сончева Езерска населба Мантово“. Во близина на Езерото се планираат повеќе атракции со цел поттикнување на туристичката понуда.
Поради несоодветноста на пристапноста до оваа населба, во овој момент, ограничени се инвестициите во инфраструктурата на објекти за сместување и рекреација, додека во исто време самото население нема доволно мотивација за издавање на соби или започнување на било каков друг бизнис поврзан со туризмот. Мантово, како туристичка локација во Југоисточниот плански регион не ги задоволува потребите и очекувањата на посетителите во однос на посета на локации со природна убавина околу Езерото.
Со овој предлог проект се предвидува подобрување на патната инфраструктура односно изградба на три улици кои водат до Сончевата Езерска населба Мантово, со што ќе се овозможи целосно активирање на потенцијалните релевантни за развојот на стопанството, подобрување на животните и работни услови и трајно мотивирање на населението за опстанок во матичната средина, ќе се подобри пристапноста на локалните туристи од околните општини која секоја година доаѓаат на риболов како и на другите туристи кои ги посетуваат изградените атракции во населбата.
Цели на проектот:
- Изградба на патна инфраструктура во Сончевата Езерска населба Мантово;
- Подобрување на животните и работни услови и трајно мотивирање на населението за опстанок во матичната средина;
- Подобрување на пристапноста до изградените атракции во населбата;
- Зголемување на бројот на домашни и странски туристи;
- Зголемување на приходот од туризам;
- Зголемување на економски развој во Југоисточниот регион.
Резултати од проектот:
- Изградени три улици во Езерската населба Мантово во о. Конче;
- Подобрена патна инфраструктура;
- Подобрени услови за живот;
- Зголемен број на туристи;
- Зголемен приход од туризам;
- Зголемен економски развој во Југоисточниот регион.
Туристичка патека од природата до културата на планината Плавуш
Туристичката патека се наоѓа во непосредна близина на градот Валандово на планината Плавуш. Ова место најчесто го посетуваат најмногу локалните жители, многу често и мали групи и индивидуални патници од соседните региони и држави. Постојниот пат локалното население го користи и за активности на отворено, како на пример пешачење и велосипедизам.
Хортикултурно и партерно уредување на дел од езерското крајбрежје и формирање на езерска плажа во Дојран
Кога ќе се спомне Дојран се мисли на прекрасен езерски пејсаж со мали уредени плажи богати со уникатната лековита кал која е позната и вон границите на државата. Меѓутоа дел од плажите поради природни непогоди и други влијанија се запуштени, обраснати со трска и не се во состојба да се користат. Затоа е потребно да се преземаат мерки истите да се расчистат и уредат со цел да може да се искористи целокупниот потенцијал што го нуди Дојранското Езеро.
Поставување на урбана опрема на Кочулски водопади
Туризмот е една од главните стратешки цели во Програмата за развој на Југоисточниот плански регион. Југоисточниот плански регион располага со многу туристички локациии и можности за развој за туризмот. Потенцијалите со кои располага регионот се основаат за развој на туризмот, но сами по себе не се доволни за привлекување на домашни и странски туристи.










