Сведоци сме на голем број на напади и проблеми кои ги имаат граѓаните со бездомните кучиња во целиот регион. Во последниот период нападите се позачестени со што се доведува во прашање здравјето и безбедноста на луѓето, особено на децата. Стравот е се поприсутен, луѓето не можат слободно да шетаат по улиците или по парковите бидејќи се во постојан страв од напад на кучиња кои шетаат во глутници, некотролирано лаат и агресивно се однесуваат кон случајните минувачи.
Изградба на канализационен систем за фекална отпадна вода во Стар Дојран за улица Вељко Влаховиќ и дел од улица Никола Карев
Современата модерна патна и комунална инфраструктура е основен предуслов за поттикнување на развојот во планските региони. Југоисточниот плански регион во голема мера нема систематско регулирање на отпадните води. Целта на проектот е изградба на канализационен систем за фекална отпадна вода во Стар Дојран за улица “Вељко Влаховиќ” во должина од 575,92 метри и дел од улица “Никола Карев” во должина од 341,01 метри.
Заеднички стратегии за заштита на биолошката разновидност и одржлив развој на билатералната мрежа на заштитени подрачја – COMBINE2PROTECT
“Природата не познава граници”. Врз основа на оваа глобално прифатена изрека, ажурираните стратегии за зачувување на природата се фокусираат на дизајнот и имплементацијата на заедничките еколошки политики, проширување на тековната мрежа на заштитени подрачја и развој на кохерентни, функционални и меѓусебно поврзани, меѓународни мрежи на заштитени подрачја.
COMBINE2PROTECT е креиран за решавање на овие современи предизвици за зачувување. Овој проект има за цел да обезбеди солидна основа за заеднички и ефикасни иницијативи за зачувување преку воспоставување на заедничка мрежа на заштитените подрачја меѓу двете земји.
Овој проект ќе ги обезбеди сите неопходни алатки, ќе ги користи најнапредните методи, ќе интегрира и анализира многу бази на податоци за да ја претстави структурата, функционалноста и придобивките од заедничката мрежа. Овој проект ќе придонесе кон изработка на акциони планови, ќе им даде приоритет на локациите за зачувување, ќе ги мапира критичните живеалишта и ќе дизајнира зелени коридори со цел да се развијат алатки за подобрување на тековната конзервација.
* Оптимизиран мониторниг и заштита на клучни локации
– Развивање на Регионална Стратегија за Биодиверзитет со Акциски План, мапи на клучни живеалишта, видови и сензитивност на Југоисточниот регион
– Одредување на еколошките својства (видови-живеалишта), граници и хидрологија на Моноспитовското блато – Подготовка на План за управување
– Развивање, тестирање и спроведување на техники за обсервација и иновативни методи за следење на статусот на зачувување и заканите
– Развивање на стратешки план и обезбедување на инфраструктура за намалување на потребите за вода за наводнување во Националниот парк Преспа
– Примена на мерки за подобрување на состојбата за зачувување на приоритетните живеалишта и видови во Националниот парк Преспа со ублажување на влијанијата од пасење
* Развој на заедничка мрежа за заштитени подрачја
– Дизајнирање на заедничка мрежа за зголемување на сегашната и идната поврзаност и еколошката функционалност, со акцент на приоритетните видови и живеалишта
– Идентификување на нови локалитети во двете земји кои ќе бидат вклучени во мрежата на заштитени подрачја
– Проценка и моделирање на социо-економски движечки сили (на пр. Политики на ЕУ, економски трендови) и притисоци врз животната средина кои дејствуваат врз биолошката разновидност под влијание на тековните и проектирани идни услови
– Мапирање на клучните живеалишта, видови, притисоци и екосистемски услуги
* Градење на капацитети на еколошки мрежи
– Развивање на динамички отворен систем за размена на податоци на еколошка мрежа
– Обезбедување на различни активности за едукација и промоција (Брендирање, мобилна апликација, документарен филм итн.)
– Следење на процесот за подигање на свеста
– Поддршка за трансфер на знаење
Изградба на дел од пат помеѓу населените места Чанаклија и Нова Маала во должина од 1 км
Развојот на еден регион зависи од повеќе фактори. Еден од позначајните е квалитативниот и квантитативниот степен на изградба на физичката инфраструктура. Секое општество се стреми кон овозможување на повисок и поквалитетен животен стандард на граѓаните, што во суштина значи и константно подобрување на условите за живот.
Изградба на локален пат кој ги поврзува селата Муртино и Еднокуќево во должина од – 1.387 метри – втора фаза
Патниот транспорт и инфраструктура играат клучна улога во економскиот развој, зголемувањето на бројот на туристите во регионот, подобрување на комуникацијата меѓу граѓаните од околните населени места, пристапот на земјоделците до своите ниви и до пазарите на големо, развивањето на современа и функционална инфраструктура, како и на животниот стандард на населението.
Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа
Поплавите кои ја погодија Југоисточна Европа во 2014 -2015 година покажаа дека природните катастрофи не знаат за граници и често се случуваат на територијата на повеќе земји. Иако слични ризици од катастрофи се присутни во сите земји партнери во овој проект, нивните политики за управување со ризиците од катастрофи се разликуваат.
Реконструкција и адаптација на објекти наменети за Домови на културата во с.Стојаково – Општина Богданци, с. Радово – Општина Босилово и с. Ракитец – Општина Конче
Моментално објектите кои се наменети за Домови на културата во с.Стојаково – Општина Богданци, с. Радово – Општина Босилово и с. Ракитец – Општина Конче се дотраени и се во многу лоша, руинирана и неупотреблива состојба. Ваквата сосотојба во овие објекти оневозможува нивно користење за организирање на манифестации од различен вид од страна на жителите во овие населени места.
Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир
Пограничниот регион, Македонија-Бугарија се соочува со значајни проблеми со отпадоците. Многу малку мислат дека отпадокот може да биде употреблив, но постои начин кој се нарекува компостирање. Лиценцата за компостирање и припаѓа на животната средина. Компостирањето би било голем благодет за почвата во овој регион преку обработено ѓубре кое се претвара во органско и го прави корисно за нашето земјоделие.
Иновативни средства за промоција на туризмот во регионот
Југоисточниот плански регион се стреми да го привлече вниманието на туристите и да ги презентира чистата и здрава околина со езера, планини, водопади, термални води, манастири, но и со локалните манифестации, здравата и традиционална храна и гостопримството на жителите од југоистокот. Одржливиот туризам претпоставува валоризација на компаративните предности што ги има регионот и креирање на квалитетна и иновативна туристичка понуда, прилагодена на современиот туристички пазар.
Проширувањето на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор
Приоритет на секој регион претставува економскиот развој, кој зависи од заеднички напори и придонеси од сите општествени чинители и засегнати страни како приватен сектор, општини, институции, фондации и здруженија. Кога станува збор за локалниот економски развој, создавањето на нови работни места како и обезбедувањето на поддршка за локалните бизниси и инвестиции, општините се соочуваат со многу предизвици.










