Подобрување на енергетската ефикасност на 10 јавни згради во Југоисточниот плански регион

Преку подобрување и обновување на изолацијата на објектите, одржување на енергетските системи во зградите, примена на мерки и технологии за енергетска ефикасност како и менување на навиките за рационална и соодветна енергетска потрошувачка од страна на потрошувачите во објектите, ќе се намалат трошоците за енергија и ќе се овозможи заштита на животната средина.

Во рамките на овој проект ќе се изработи техничка документација за 10 објекти (училишта и градинки) во 10-те општини во Југоисточниот регион.

Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион

Економскиот развој е област од огромно значење за регионот поради проблемот со стапката на невработеност која негативно влијае на целокупната човечка благосостојба во регионот. Општините се соочуваат со многу предизвици кога станува збор за локален економски развој, особено во однос на создавање на работни места обезбедување на поддршка за локалните бизниси и инвестиции.

 

Вода за сите – Управување со сливот на река Струмица

Екосистемот на сливот на река Струмица е од витална важност за луѓето кои живеат во овој регион бидејќи обезбедува вода за пиење и наводнување за 124.500 луѓе и претставува природно живеалиште за голем број растенија и животни. Сливот на реката Струмица е особено ранлив екосистем и е под закана од влијанието на климатските промени, земјоделството кое влијае врз нивото и квалитетот на водата, прекумерната употреба на ѓубрива и пестициди како и од користењето на водата за наводнување.

 

Подобрување на патната мрежа во областа с.Доброшинци – регионална депонија во ЈИПР – брана „Турија“ – с.Нивичино

Eзерото Турија е најголемото вештачко езеро во Југоисточниот плански регион. Неговата убавина и природата се поттик за промовирање преку посети на туристите, на излети, рекреација, спорт и риболов. Езерото е опкруженo со прекрасна шума и самата клима придонесува за дополнително уживање за туристите. Со реконструкција на патот, ова место ќе биде подобро достапно и на животната средина нема да има било какви ризици, особено по растителниот и животинскиот свет.

 

Реконструкција на пат од крстосница за с.Добрашинци до брана Турија од КМ 0+0000 до КМ 0+800 во општина Василево

Развојот на еден регион зависи од повеќе фактори. Еден од позначајните е квалитативниот и квантитативниот степен на изградба на физичката инфраструктура. Секое општество се стреми кон овозможување на повисок и поквалитетен животен стандард на граѓаните, што во суштина значи и константно подобрување на условите за живот.

Зголемување на безбедноста во сообраќајот на магистралниот пат М-6 (с. Босилово – с. Турново) преку изградба на тротоари и регулирање и прифаќање на површинските атмосферски води

Mагистралниот пат М-6 поминува низ центарот на населените места Босилово и Турново и води кон граничниот премин Ново Село и Р. Бугарија, а понатаму и кон другите држави. Затоа фрекфенцијата на овој патен правец е голема и секојдневно се користи за движење на тешки товарни возила, автобуси и автомобили за внатрешен и меѓународен превоз на стока и патници.

 

Изработка на техничка документација за изградба на локален пат с. Бориево – с. Колешино во должина од 6,3 км

Комуникацијата на жителите од двете села Бориево и Колешино, а особено на пензионерите и лицата со посебни потреби a отежната, поради тоа што овие две села се поврзани со пат кој е земјен, тесен и е во многу лоша состојба. Користењето на постојниот пат или околните патишта, кои се исто така во многу лоша состојба предизвикува низа проблеми за земјоделците и тоа зголемени трошоци, загуби поради намалување на квалитетот и др.

Изградба на систем за фотоволтаични модули во 10 општински училишта

Југоистокот има повеќе од 300 сончеви денови во годината, што претставува одличен потенцијал за искористување на сонцето како природен ресурс. Во регионот постојат многу малку јавни објекти кои користат производство на енергија преку искористување на обновливи извори на енергија.

 

 

„КОН ИДНИНАТА“ – Студија за потенцијалот и искористување на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион

Преку овој проект ќе се овозможи зголемување на знаењето на жителите на прекуграничниот регион за обновливите извори на енергија достапни во регионот. Исто така ќе се овозможи жителите на регионот подобро да ги разберат можностите за искористување на овие извори на енергија и ќе имаат можност да научат како да се постигне поголема енергетска ефикасност.

 

Регионален Бизнис Центар

Стремежот кон поконкурентна и подинамична економија базирана на знаење, која е способна за економски развој, креирање на повеќе работни места и развој на подобрена социјална кохезија, несомнено зависи од успешноста на претпријатијата, особено малите и средни претпријатија – МСП.
Преку овој проект ќе се формира Регионален Бизнис Центар со кој ќе се овозможи да се подобрат знаењата во врска со карактеристиките на претприемништвото, да се зголеми вработеноста, да се подобрат вештините и бизнис капацитетите на локалните производители, преработувачи и трговци.
Исто така ќе се создаде можност за подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу бизнисите, претприемачите, земјоделците, како и институциите и органите кои се поврзани со развој на претприемништвото помеѓу општините во планскиот регион, со самото тоа ќе се влијае на севкупниот економски развој во планскиот регион.

Цели на проектот:

  • Воспоставување партнерство и комуникација меѓу малите и средни претпријатија, претприемачи, земјоделци и други субјекти;
  • Обезбедување на јавен сервис према сите деловни субјекти и пошироко со обезбедување потребни информации за:
    – отварање нови бизниси
    – унапредување на бизнисите
    – воведување на иновации и технологии итн.

Резултати од проектот:

  • Подобрени знаења во врска со карактеристиките на претприемништвото и вработувањето во регионалната област;
  • Подобрени вештини и бизнис капацитети на локалните производители, преработувачи и трговци (земјоделците, малите индустрии);
  • Креирана комуникација за соработка меѓу бизнисите на претприемачите, на земјоделците, како и на институции и органи кои се поврзани со развој на претприемништвото во регионот.
  • Подобар економски развој и креирање на повеќе работни места во Југоисточниот плански регион.