Уредување на просторот околу манастирските локалитети на Св. Горѓи во с. Ораовица и Св. Стефан во с. Конче

Локалитетите “Ораовичко манастирче – Манастир Св.Горѓи” во с. Ораовица и „Конечки манастир – Манастир Св.Стефан” во с. Конче изградени се во периодот 13-14 век и претставуваат уникатни природни и културни вредности, со многу историја, легенди, митови, верски обичаи и настани, кои придонеле со текот на времето да станат вековно традиционално собиралиште на луѓето од овој крај и пошироко.
Преку овој проект ќе се овозможи партерно и хортикултурно уредување на овие два локалитети, ќе се овозможи да се подобрат условите за вековното, традиционално на луѓето од овој крај и пошироко, а исто така се очекува да се зголеми и туристичката посетеност на овие два манастирски комплекса од граѓаните на Југоисточниот и Источниот плански регион, како и други домашни и странски туристи.

Цели на проектот:

  • Инфраструктурно уредување и поставување на соодветна урбана опрема на просторот околу локалитетите Ораовичко манастирче и Конечки манастир;
  • Развој на селскиот и еко туризмот;
  • Подобрување на економската состојба на локалните заедници;
  • Зголемување на бројот на туристи;
  • Дополнителен приход во општинските буџети;
  • Подобрување на туристичката понуда во ЈИПР.

Очекувани резултати:

  • Комплетно инфраструктурно, хортикултурно и патоказно уредени локалитети – Ораовичко манастирче и Конечки манастир;
  • Зголемен прилив на посетители од регионот за 30 % до крајот на 2016 година, а со тоа и зголемен развој на руралниот туризам.

Паљурци – Амфитеатар

Туризмот е една од главните стратешки цели во Програмата за развој на Југоисточниот плански регион, кој располага со многу туристички локации и можности за развој за туризмот. Голем број туристи кои го посетуваат регионот, застануваат да се одморат на вештачкото езеро Паљурци, кое се наоѓа во близина на општина Богданци. Езерото нуди можности за рекреација, има услови за излети, планинско пешачење, а има и историска значајност. Областа е наречена Паљурци по Свети Павле, кој дошол овде за да го пренесе христијанството во Македонија.

 

Изградба на дел од локален пат од с.Банско-општина Струмица до с.Моноспитово-општина Босилово

Патниот правец од клучката кај оранжерии кај с. Банско-општина Струмица до населено с. Моноспитово-општина Босилово, се протега во должина од 2.368,82 метри и е во категоријата на полски патишта. Со непостоењето на модерна патна инфраструктура, отежната е и оневозможена комуникацијата на населението, нивниот економски развој и лесниот пристап до туристичките, културно-историските и природните реткости што ги пружи подбеласичкиот регион.

Индустриски зони и комерцијални патишта во прекуграничната област – Зони и патишта

Добро развиените индустриски зони се најважен предуслов за развој на регионот. Овие зони треба да имаат добро базирана инфраструктура и сигнализација која ќе ја зголеми атрактивноста на зоната за потенцијалните домашни и странски инвеститори. Југоисточниот плански регион има 18 функционални индустриски зони. Покрај овие, уште 10 се во процес на урбанизација. Затоа регионалниот пристап е повеќе од потребен.

Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област – АГРАС

Општините од Југоистокот работат на тоа да изградат систем со кој ќе се обезбеди подобар стандард на живеење на граѓаните преку процесот на децентрализација. Тоа ќе го постигнат преку воведување на функционална и ефикасна администрација, која ќе работи по принципите на локалната демократија и одржлив развој, како и со рационало користење на ресурсите за создавање на можности за развој на идните генерации.

Ефикасно користење на сончевата енергија за подобра иднина – SP FUTURE

Во рамките на проектот партнерите ќе работат на ублажување на загадувањето од јаглерод и на унапредување на обновливите извори на енергии, со што ќе се овозможи одржливост на екосистемот и заштита на животната средина во прекуграничната област.
Овој проект ќе ги мотивира општинските тела во прекуграничниот регион да земат пример и да инвестираат во нови еколошки погони, со што ќе се промовира користењето на обновливите енергии.

Создравање на прекугранична мрежа помеѓу општинските експерти за програми и проекти во прекуграничниот регион – ПМ-НЕТ

Проектот „Создравање на прекугранична мрежа помеѓу општинските експерти за програми и проекти во прекуграничниот регион – ПМ-НЕТ“ има јасен прекуграничен карактер и создава иницијални контакти помеѓу општинските експерти и го олеснува протокот на информации кои се однесуваат на минати, сегашни и идни проекти на општините.

Реконструкција и санација на локален патен правец клучка Карбино на М-6 (Струмица – Штип) до населено место Добрашинци

Локалниот патен правец клучка Карбино на М-6 до населено место Добрашинци се протега кон североисток во должина од 5000 метри. Патот е предвиден за двонасочен сообраќај по две
коловозни ленти за сите видови на моторен,велосипедски,пешачки и запрежен сообраќај.
Во текот на експлоатацијата патот е доста оптеретен бидејќи поминува низ активен земјоделски регион и истиот води кон комуналната депонија на општина Струмица и Василево каде секојдневно се врши одвоз на смет со тешки специјализирани возила.
Особено значајно е што оваа делница е пристапен пат до регионалната депонија „Добрашинци“ која ќе се гради на место на постојната депонија. Регионалната депонија е од особено значење бидејќи ќе биде прва од ваков вид во Македонија, а ќе ги опслужува општините од целиот Југоисточен регион.

Цели на проектот:

  • Подобрување на локалната патна инфраструктура во во Југоисточниот плански регион.
  • Подобрување на условите за живот на граѓаните во овој микро регион
  • Подобри стартни позиции при распишување на јавниот повик за изградба на регионалната депонија ,,Добрашинци”

Резултати од проектот:

  • Реконструиран патен правец од клучка Карбино на регионалниот пат М6 до Добрашинци и регионалната депонија во должина од 3918 метри.

Уредување на просторот околу Смоларски водопад во зоната на активно управување

Смоларскиот водопад кој е прогласен за споменик на природата и целосно е регулиран начинот, режимот на користиње и одржување на истиот и е внесен во Туристичкиот водич на Велика Британија, што значи посетеноста на истиот не е само од домашни туку и од туристи од земјите од Европа. Општина Ново Село и Југоисточниот регион во рамките на своите можности извршија уредување и го направија истиот достапен за сите љубители на природата и природните убавини.
За сето тоа да биде овозможено неопходно е изградба на објекти за одмор и рекреација на туристите кои ќе овозможат целосно уживање во благодетите кои ги створила природата.
Како споменик на природата во неговото подрачије,посебно е водено грижа за зачувување на животната средина, особено во делот каде што ќе се изведуват активности за уредување на просторот, каде што за изградба на објекти во зоната на активно управување исклучиво да се употребуват природни материјали (камен и дрво) како што е предвидено и со овој проект.
Со целосна реализација на активностите предвидени со проектот ќе бидат создадени реални услови за економски развој на планскиот регион, бидејќи со изградбата на објектите за одмор и рекреација се отвараат реални можности за зголемување на бројот на туристите што значи реално се зголемени можностите за поголем економски бенифит како кај локалните заедници така и кај општините, а со тоа и поголем економски развој на планскиот регион.

Цели на проектот:

  • Развој на селскиот и еко-туризам;
  • Подобрување на економската состојба на локалните заедници;
  • Зголемување на бројот на туристи;
  • Дополнителен приход во оштинските буџети;
  • Подобрување на туристичката понуда;
  • Подобрување на туристичката инфраструктура во ЈИПР.

Очекувани резултати:

  •  Изградени објекти за одмор и рекреација
  •  Создадени услови за економски развој на планскиот регион
  •  Зголемена посетеност на туристи во планскиот регион

Балканскa Вело Патека (БВТ 13)

Патеката на Железната завеса“ поврзува низа национални и прекугранични заштитени области по текот на поранешната Железна завеса – притоа минувајќи низ многу земји, вклучително и 14 ЕУ членки.
Дел од „Патеката на Железната завеса“ поминува низ територијата на Македонија. Влегува низ граничниот премин кај Делчево и продолжува преку низински предел кон Пехчево и Берово. Рутата минува низ полиња и ливади и потоа продолжува во општина Струмица, за на крај преку Босилово да премине во општина Ново Село и излезе од Македонија на истоимениот граничен премин. Патеката на одредени места е стрмна, но
минува преку живописни ридови каде што може да се видат прекрасни пејсажи и културни споменици.
Овој проект има за цел да ја подигне свеста на сите засегнати страни на локално, регионално и национално ниво за алтернативниот туризам долж ПЖС (ICT) во пограничниот регион помеѓу Македонија, Бугарија, Романија и Грција.

Цели на проектот:

  • Воспоставување на процес на вмрежување за развој и промоција на велосипедски туризам долж Јужниот дел на Патеката на Железната Завеса. Оваа цел е директно поврзана со општата цел и допринесува до пошироко препознавање на рутата долж Патеката на Железната Завеса како и на велосипедскиот туризам воопшто.
  • Дефинирање на Јужниот дел на Патеката на Железната Завеса долж граничната линија помеѓу Романија, Бугарија, Македонија и Грција. Оваа цел има практично влијание на имплементацијата во реалност на концептот на велосипетска рута.
  • Разработка на конкретен проектен предлог во согласност со стандардите и критериумите на Еуро Вело. Оваа цел ги исполнува намерите на овој Повик преку подготовка на засегнатите страни за реални активности за понатамошен развој на велосипетската рута и доведување на истата во согласност со барањата на Еуро Вело мрежата.

Очекувани резултати:

  • Извршено мапирање на сите засегнати страни;
  • Одржани средби во Бугарија, Романија и Грција;
  • Извршена евалуација на состојба на игра и проценка на туристичките ресурси кои ќе бидат вклучени во развојот на ПЖЗ (ICT);
  • Одржани дискусиони форуми за усогласување на продолжените рути помеѓу РО/БГ/МК/ГР и финално дефинирање на Јужниот дел од рутата;
  • Развиен Акционен План во согласност со ЕУ методологијата;
  • Одржана работилница за подигање на свеста – презентирање на дефинираната рута и Акционен План;
  • Одржани работни средби за размена на искуства и добри практики од Еуро Вело и разработка на проекти за развој на Јужниот дел на ПЖС (ICT);
  • Публикација на Акционен План и активности за публицитет.