Одржана XXX седница на Советот за развој на ЈИПР

На 24.12.2024 година во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се одржа 30-та Седница на Советот за развој на ЈИПР.

На оваа седница беа усвоени Финансискиот план и Акцискиот план на Центарот за развој за 2025 година. Исто така беа донесени Одлуки за примопредавање на објекти на општините Струмица, Конче, Ново Село и Дојран.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион дел од мрежното вмрежување во Европската комисија и Европскиот парламент во Брисел!

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион учествуваше на високо профилни настани организирани од ACRID Network, фокусирани на зајакнување на лидерските вештини и ефективно искористување на можностите за финансирање преку Европската Унија.

Учесниците добија практични насоки за:

Подготовка за претстојните повици на Horizon Europe и Erasmus+ за 2025 година.
Зајакнување на лидерските капацитети за развој на успешни стратегии за финансирање.
Градење силни проектни конзорциуми за идни иницијативи.
Анализа на можности за финансирање преку програми како Horizon Europe, LIFE+, и SMP.
Развој на партнерства во рамките на осум тематски области.
Дискусија за енергетика, транспорт, животна средина и индустрија.
Промоција на циркуларна економија и справување со ресурсни ограничувања.
Поттикнување на дигитални, зелени и напредни технологии за зајакнување на европската глобална конкурентност.

Посетата на Европската комисија и Европскиот парламент овозможи директна размена на искуства со европски институции кои активно работат на поддршка на регионалниот раст, иновациите и одржливиот развој.

Во рамките на свечената вечера организирана од домаќините, од страна на сите присутни партнери беше официјално промовиран проектот SEBCoVE и присутните имаа можност да се запознаат со клучните активности што се имплементираат во рамките на проектот, како и со очекуваните резултати.

Преку своето учество, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион:
– Зајакна меѓународни партнерства и отвори нови можности за заеднички проекти.
-Обезбеди пристап до иновациски ресурси и платформи за поддршка на одржливи иницијативи.
-Доби вредни насоки за усогласување на регионалните стратегии со приоритетите на Европската Унија

Овие активности претставуваат значаен чекор напред во обезбедувањето одржлив, инклузивен и иновациски ориентиран развој за Југоисточниот регион.

 

Годишна работилница на Центрите за развој

Овогодинешната тридневна Конференција за отчетност на Центрите за развој на осумте плански региони во Р.С. Македонија се одржува во Гевгелија, со Југоисточниот плански регион како домаќин. Конференцијата ја отвори министерот за локална самоуправа, г-дин Златко Перински, пред аудиториум составен од високи претставници на Швајцарската агенција за развој, Бирото за регионален развој, како и градоначалници од сите региони.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион активно учествуваше на конференцијата, при што беа презентирани сите проекти имплементирани во изминатата година, заедно со тековните активности и идните развојни планови. Вториот ден беше посветен на идентификација и координација на донаторските фондови во рамки на работилницата „Fundraising“, насочена кон пронаоѓање финансиски средства за нови проекти. Завршниот дел од конференцијата беше резервиран за презентација на активностите на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за поддршка на рамномерниот регионален развој во 2025 година.

Како и претходните години, и оваа конференција овозможи вмрежување, тим-билдинг, размена на искуства и промоција на регионални вредности и брендови, сето тоа во духот на заедничката мисија за балансиран развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните – од регионално до национално ниво.

Успешно го одбележавме „Денот на регионот“!

На 03.12.2024 година, во Градската галерија во Струмица, се одржа настанот „Ден на Југоисточниот плански регион,“ организиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – 2 фаза,“ финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој.
Се разговараше за најдоброто од регионот – иновации, идеи и визии за иднината.
Настанот беше платформа за претставување на достигнувањата и потенцијалите на регионот, привлекувајќи широк спектар на учесници, вклучувајќи претставници од локалните власти, академската заедница, граѓанскиот сектор и приватниот сектор. Во текот на денот, учесниците имаа можност да се запознаат со новата Комуникациска стратегија за промоција на регионот, која ќе придонесе за подобра соработка со заедницата и зголемена видливост на регионалните иницијативи.
Во рамките на настанот беа одржани инспиративни панел-дискусии кои опфатија клучни теми за развојот на регионот, како што се улогата на општините како столб на регионалниот напредок, имплементацијата на зелени практики и циркуларна економија како двигатели на одржливоста, како и можностите за развој преку туризмот и зачувувањето на културното наследство.
Посебен момент беше видео – презентацијата на Југоисточниот регион која ја истакна динамиката на развојот и идниот потенцијал на регионот, инспирирајќи ги присутните да размислуваат за нови можности за соработка.
Настанот заврши со неформално вмрежување и коктел, каде учесниците ги споделија своите идеи за идни соработки. Со нетрпение очекуваме да ги видиме резултатите од оваа иницијатива и да го следиме патот на нашиот регион кон подобра иднина!

Југоисточниот плански регион кон енергетска независност со нови фотонапонски централи

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, успешно го реализираше проектот „Енергетски ефикасен регион“ за изградба на фотонапонски централи за општините Радовиш, Конче и Василево, за што на 22.11.2024 година одржа и промотивен настан. На настанот присуствуваа Министерот за локална самоуправа, Г. Златко Перински, Градоначалниците на општините вклучени во проектот, претставници од Министерството и проектната канцеларија, како и други гости.

Министерот Пирински истакна дека ова е многу значаен проект, не само заради намалувањето на потрошувачката на електрична енергија, туку и заради долгорочната енергетска сигурност и зачувување на природната околина. „Тој претставува одличен пример за меѓуопштинска соработка, што може да се примени и во други региони, овозможувајќи подобрување на квалитетот на живот и поддршка за економскиот раст“, посочи Перински.

Директорот на Центарот, Ѓоко Камчев, додаде дека овој проект претставува значаен чекор кон создавање на енергетски независен регион. „Проектот е фокусиран на интеграција на нови софтверски решенија за користење и производство на електрична енергија од алтернативни извори. Дополнително, предвидено е ефикасно следење и пренасочување на произведената енергија каде што е најпотребна во даден момент. Со ова Југоисточниот плански регион поставува пример за тоа како регионите треба да се движат кон одржлив развој,“ истакна Камчев.

Фотонапонските централи ќе придонесат за значително намалување на трошоците за електрична енергија во трите општини. Произведената енергија ќе биде распределена по следниот принцип: 25% за општините Конче и Василево, додека 50% ќе припаѓа на Општина Радовиш. Овие заштеди ќе овозможат општините да ги насочат средствата кон други развојни приоритети, како што се подобрување на образованието и инфраструктурата.

Вкупната инвестиција во проектот изнесува околу 23 милиони денари, со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската развојна агенција, како и учество на трите општини.

Проектот е реализиран во рамките на грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – втора фаза.“ Со ваквите иницијативи, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион продолжува да го унапредува квалитетот на животот и да создава услови за одржлив развој во регионот.

Партнерите на проектот SEBCoVE одржаа настан во Скопје

Проектниот тим на ЦРЈИПР по проектот SEBCoVE беше дел од одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на Сојузот на стопански комори, каде во рамките на истиот се одржа настанот „Трипартитна соработка за знаење во зелена и дигитална транзиција“. Преку три сесии, учесниците дискутираа за придобивките од изградба на паметни згради како нов чекор кон воведување на иновативни решенија во рамките на зелената економија во нашата земја.

На настанот беа презентирани клучните активности и очекуваните резултати од проектот SEBCoVE, со посебен фокус на потребата од развивање специјализирани курсеви и обуки за паметна електрична енергија. Преку дискусиите се идентификуваа потребите на индустријата и начините на усогласување на тековните образовни програми со овие нови трендови. Во таа насока, беше истакната иницијативата за отворање на Центар за едукација за паметни технологии во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЈИПР).

Настанот го збогатија високи претставници од бизнис секторот и институциите, меѓу кои и претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангеловски, потпретседателите Орце Симов, Горан Ѓоргиевски и Драган Пехчевски, како и Александар Николовски, заменик премиер и министер за градежништво и транспорт, кој им се обрати на присутните, истакнувајќи ја важноста на ваквите иницијативи за економскиот развој на земјата.

SEBCoVE продолжува со својата мисија за унапредување на знаењето и иновациите во зелената и дигиталната транзиција, создавајќи нови можности за стручно усовршување и применлива едукација во оваа област.

Земјоделски заедници со нула отпад, енергетски ефикасни во прекуграничната област

Проектот ZEFFIROS има за цел да ги спроведе првите, единствени, пилот-инсталации за производство на енергија од био-гас во двете програмски области, дизајнирани и управувани преку меѓуопштинска соработка и базирани на прекугранична размена на знаења и добри практики.

Развој и имплементација на здравствениот индекс за прекугранично загадување на воздухот

Следењето на загадувањето на воздухот во реално време сега е попотребно од кога било досега. Загадувањето на воздухот е еден од најзначајните фактори кои претставуваат закана за здравјето на луѓето ширум светот.

Промоција на туризамот и културата преку вода

Проектот „ToCulter“ има општа цел да создаде заеднички туристички идентитет заснован на водени патеки, специјализирани според идентитетот на локацијата и преку иновативна платформа и активности за вмрежување за развој на промотивни туристички пакети со цел подобрување на прекуграничниот туристички производ и услуги

Интегриран систем за одржливо управување со екосистемот на Дојранското Езеро

Основната стратешка цел на проектот е да се воспостави постојан, заеднички механизам во рамката за одржливо управување и развој врз основа на еколошките и социо-економските оски во пограничниот регион.