Зелено за добро

Проектот „Зелено за добро“ е иницијатива за транзиција кон нискојаглеродна економија и одржлив развој во прекуграничниот регион меѓу Северна Македонија и Грција. Главната цел е промовирање на кружната економија и ефикасното управување со ресурсите преку инвестирање во обновливи извори на енергија, развој на инфраструктура за електрични возила и создавање урбани зелени површини.

Потпишани договори за два значајни регионални проекти во Југоисточниот плански регион!

Со цел унапредување на инфраструктурата и образованието, официјално беа потпишани договори за реализација на два значајни регионални проекти со општините Василево, Босилово, Богданци и Ново Село.
Проект: „Создавање на модерна патна мрежа во Југоисточниот плански регион“
Вредност: 10.329.081 денари преку Програмата зa рамномерен регионален развој за 2025 година на Бирото за регионален развој со учество на општините Босилово и Василево
Со проектот се предвидува изградба и реконструкција на клучни патни правци што ќе ги поврзат општините Василево, Босилово и Ново Село. Оваа инвестиција ќе овозможи побрз, побезбеден и поефикасен транспорт за граѓаните, учениците и земјоделците, додека во исто време ќе се зајакне регионалната поврзаност, економската соработка и локалниот развој.
Проект: „Дигитализација во основното образование со помош на смарт табли“
Вредност: 2.268.000 денари преку Програмата за Проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби на Бирото за регионален развој
Во рамки на овој проект, во четири основни училишта во руралните општини Василево, Богданци, Босилово и Ново Село ќе бидат инсталирани вкупно 23 интерактивни табли ќе бидат инсталирани во четири рурални училишта: во ОУ „Гоце Делчев“ – с. Василево (7 табли), ООУ „Кирил и Методиј“ – с. Стојаково (4 табли), три училишта во општина Босилово – Иловица, Босилово и Моноспитово (7 табли), и во ОУ „Мануш Турновски“ – с. Ново Село (5 табли). Таблите ќе овозможат модерна и интерактивна настава, прилагодена на потребите на учениците и наставниците од руралните средини.
И двата проекти претставуваат важен чекор кон подобрување на квалитетот на живот во руралните средини, преку вложување во инфраструктура и дигитална трансформација на образованието.

Дигитализација во основното образование со помош на смарт табли во Југоисточниот плански регион

Проектот се фокусира на унапредување на образовниот процес во основните училишта во руралните општини од Југоисточниот плански регион преку воведување на современи дигитални технологии. Целта е модернизација на наставниот процес, создавање интерактивна и подинамична едукативна средина и зголемување на ангажираноста на учениците.

Успешно реализиран прв состанок на проектот SIJMA во Овиедо, Шпанија

Во периодот од 11 до 13 јуни 2025 година, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион учествуваше на официјалниот почетен состанок на проектот СИЈМА – Социјални иновации за можности за работа и развој во рударски подрачја во транзиција ширум Европа, кој се одржа во Овиедо, главниот град на шпанската автономна покраина Астурија.

Проектот СИЈМА, финансиран од Интеррег Европа Програмата, има за цел развој на иновативни пристапи кои ќе ги подобрат можностите за вработување и социјално учество на младите. Фокусот е ставен на социјални иновации, претприемничко размислување и активно вклучување на локалните чинители.

Настанот започна со работна сесија, каде партнерите од пет земји Шпанија, Германија, Грција, Унгарија и Македонија, ги презентираа целите на проектот, работната структура и активностите кои ќе се реализираат во наредниот период. Состанокот беше одлична можност за поставување на основите за соработка, зајакнување на партнерската мрежа и усогласување на чекорите за имплементација.

Во рамки на програмата беше организирана теренска посета на биосферниот резерват Муниљос, поранешно рударско подрачје кое денес претставува пример за успешно управување со природните ресурси и транзиција кон одржлив рурален развој. Присутните имаа можност да се запознаат со повеќе локални иницијативи, како и со активности насочени кон намалување на депопулацијата и промоција на циркуларната економија. Регионалните градоначалници споделија примери како преку социјална иновација и диверзификација се обновува економијата во нивните заедници.

Во продолжение, беше организирана и посета на Долината Налон, поранешен центар на тешката индустрија. Партнерите ги посетија двата референтни центри: Валналон, технолошки парк кој ги поттикнува младите кон претприемачки дух преку образовни и стартап програми, и Аркус, отворен простор за млади каде се развиваат креативни и социјални иницијативи преку неформално учење и заедничко дејствување. Двата примери покажаа како социјалните иновации можат да создадат долгорочни перспективи за млади луѓе во слаборазвиени региони.

Проектот SIJMA, има за цел да овозможи трансфер на добри практики помеѓу различни региони и да придонесе кон подобрување на политиките за вработување, младинска вклученост и инклузивен локален развој. Искуствата од Овиедо претставуваат силна почетна точка за натамошната имплементација на активностите и за создавање услови за одржлив развој и во Југоисточниот плански регион.

Социјални иновации за можности за работа и развој во рударските области во транзиција низ Европа

Проектот “SIJMA” има за цел да создаде можности за вработување и економски развој во рударските области во транзиција, како што се Конче и Радовиш, односно руралните средини околу рудници кои се затворени и напуштени, ќе се спроведат активности насочени кон создавање нови можности за младите. Фокусот е ставен на поттикнување на социјални иновации, претприемништво и креативност, со цел младите луѓе преку преквалификација да стекнат вештини што ќе им овозможат вработување во различни дејности и развој на одржливи локални економии. Со активностите на проектот, овие области ќе бидат заживеани, а истовремено ќе се создадат одржливи работни места и нови можности за економски напредок.

 

Центарот за развој со нов проект преку Интеррег Европа Програмата

Одржливиот модел на развој бара иновативни пристапи, партнерства и насочени политики. За таа цел Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е партнер во проектот SIJMA, финансиран преку Програмата Интеррег Европа, кој ја промовира социјалната иновација како алатка за креирање нови работни места и можности за претприемништво.

Continue reading

Подобрување на комуналните услуги во Југоисточниот плански регион преку набавка на возило за општина Богданци

Проектот има за цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во општина Богданци преку унапредување на системот за управување со отпад. Недостатокот на современа механизација претставува значителен проблем за редовното собирање и транспорт на отпад, што придонесува за создавање на диви депонии и загадување на животната средина.

Подобрување на комуналните услуги во Југоисточниот плански регион преку набавка на возило за општина Ново Село

Во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и создавање почиста и поздрава животна средина, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во партнерство со Општина Ново Село, го реализира проектот „Подобрување на комуналните услуги во Југоисточниот плански регион преку набавка на возило за општина Ново Село“. Проектот претставува конкретен чекор кон унапредување на локалните комунални системи и поддршка на одржливи практики за управување со отпадот.