Југоисточниот плански регион кон енергетска независност со нови фотонапонски централи
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, успешно го реализираше проектот „Енергетски ефикасен регион“ за изградба на фотонапонски централи за општините Радовиш, Конче и Василево, за што на 22.11.2024 година одржа и промотивен настан. На настанот присуствуваа Министерот за локална самоуправа, Г. Златко Перински, Градоначалниците на општините вклучени во проектот, претставници од Министерството и проектната канцеларија, како и други гости.

Министерот Пирински истакна дека ова е многу значаен проект, не само заради намалувањето на потрошувачката на електрична енергија, туку и заради долгорочната енергетска сигурност и зачувување на природната околина. „Тој претставува одличен пример за меѓуопштинска соработка, што може да се примени и во други региони, овозможувајќи подобрување на квалитетот на живот и поддршка за економскиот раст“, посочи Перински.
Директорот на Центарот, Ѓоко Камчев, додаде дека овој проект претставува значаен чекор кон создавање на енергетски независен регион. „Проектот е фокусиран на интеграција на нови софтверски решенија за користење и производство на електрична енергија од алтернативни извори. Дополнително, предвидено е ефикасно следење и пренасочување на произведената енергија каде што е најпотребна во даден момент. Со ова Југоисточниот плански регион поставува пример за тоа како регионите треба да се движат кон одржлив развој,“ истакна Камчев.

Фотонапонските централи ќе придонесат за значително намалување на трошоците за електрична енергија во трите општини. Произведената енергија ќе биде распределена по следниот принцип: 25% за општините Конче и Василево, додека 50% ќе припаѓа на Општина Радовиш. Овие заштеди ќе овозможат општините да ги насочат средствата кон други развојни приоритети, како што се подобрување на образованието и инфраструктурата.
Вкупната инвестиција во проектот изнесува околу 23 милиони денари, со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската развојна агенција, како и учество на трите општини.
Проектот е реализиран во рамките на грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – втора фаза.“ Со ваквите иницијативи, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион продолжува да го унапредува квалитетот на животот и да создава услови за одржлив развој во регионот.

Партнерите на проектот SEBCoVE одржаа настан во Скопје
Проектниот тим на ЦРЈИПР по проектот SEBCoVE беше дел од одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на Сојузот на стопански комори, каде во рамките на истиот се одржа настанот „Трипартитна соработка за знаење во зелена и дигитална транзиција“. Преку три сесии, учесниците дискутираа за придобивките од изградба на паметни згради како нов чекор кон воведување на иновативни решенија во рамките на зелената економија во нашата земја.
На настанот беа презентирани клучните активности и очекуваните резултати од проектот SEBCoVE, со посебен фокус на потребата од развивање специјализирани курсеви и обуки за паметна електрична енергија. Преку дискусиите се идентификуваа потребите на индустријата и начините на усогласување на тековните образовни програми со овие нови трендови. Во таа насока, беше истакната иницијативата за отворање на Центар за едукација за паметни технологии во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЈИПР).
Настанот го збогатија високи претставници од бизнис секторот и институциите, меѓу кои и претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангеловски, потпретседателите Орце Симов, Горан Ѓоргиевски и Драган Пехчевски, како и Александар Николовски, заменик премиер и министер за градежништво и транспорт, кој им се обрати на присутните, истакнувајќи ја важноста на ваквите иницијативи за економскиот развој на земјата.
SEBCoVE продолжува со својата мисија за унапредување на знаењето и иновациите во зелената и дигиталната транзиција, создавајќи нови можности за стручно усовршување и применлива едукација во оваа област.


ЦРЈИПР ОРГАНИЗИРАШЕ РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ ВО ПЛАНСКИТЕ РЕГИОНИ“
На 5-ти ноември 2024 година, во хотел „Сириус“, беше одржана работилница на тема „Развој на социјални услуги во планските региони“, организирана од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“.

На настанот учествуваа претставници од сите десет општини од Југоисточниот регион, активни во областа на социјалната заштита, како и директорите на Центрите за социјална работа, претставници на Црвениот крст и невладини организации.

Во своето обраќање, Г-н Ристо Манчев, Претседател на Советот за социјална заштита на Југоисточниот регион, ја истакна важноста на развојот на мрежа на социјални услуги што ќе ги задоволат потребите на граѓаните и ќе поттикнат инклузивен и одржлив развој. „Важно е да ги препознаеме специфичните потреби на различни групи – од деца и младинци, преку лица со попреченост, до постарите генерации,“ додаде тој.

Учесниците дадоа активен придонес преку работа во групи и решавање на практични задачи, создавајќи продуктивна работна атмосфера.
Југоисточниот плански регион со прва сеопфатна техничка документација за поставување брзи полначи за електрични возила
Министерот за локална самоуправа во посета на Југоисточниот регион
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши, ги посетија локациите на кои што се имплементирани проектни активности во рамките на два проекти финансирани преку Програмата за рамномерен регионален развој, со цел да направат увид во постигнатите резултати.
Во рамките на проектот „Југоисточниот регион – можност за нови туристички авантури“, дел од активностите вклучуваат реконструкција и поставување на нова урбана опрема на Смоларските водопади и излетничкиот локалитет Пирго кај Мокриево, во општина Ново Село преку изградба на нови пешачки патеки, санација на дрвените огради и поставување нов пешачки мост пред водопадите. На Пирго се изградени нови летниковци, проширен е капацитетот на постојниот амфитеатар, поставени се детско катче и ново одбојкарско игралиште на песок.Continue reading
Трипартитна соработка за знаење во зелена и дигитална транзиција – SEBCoVE





Трето прскање против возрасни комарци во Југоисточниот плански регион
Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 13-ти, 14-ти и 15-ти Август 2024 година, во периодот од 20.00 до полноќ ќе се врши теристична дезинсекција против возрасни комарци и тоа во следниве општини:
- 13 Август (Вторник) во општина Радовиш;
- 14 Август (Среда) во општините Дојран и Валандово;
- 15 Август (Четврток) во општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.
Второ прскање против возрасни комарци во Југоисточниот плански регион
Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 10-ти и 11-ти Јули 2024 година, во периодот од 20.00 до полноќ ќе се врши теристична дезинсекција против возрасни комарци и тоа во следниве општини:
- 10 Јули (Среда) во општините Конче, Валандово и Дојран;
- 11 Јули (Четврток) во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица;
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.
ТРЕТА ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН
Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 03 Јули 2024 година, во периодот од 09.00 до 16.00 часот ќе се врши ларвицидна дезинсекција и тоа во следниве општини:
- 03 Јули ( Среда) во општините Ново Село, Босилово, Василево, Струмица, Валандово и Дојран;
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.








