ОДЛОЖЕНО ВТОРОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ ПОРАДИ НЕПОВОЛНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека СЕ ОДЛОЖУВА второто прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на  25 и 26 Јули 2022 година.

 

Прскањето се одложува поради неповолни временски услови т.е појава на врнежи во предвидениот период, затоа истото се планира да се спроведе во текот на неделата.

 

За точниот датум за спроведување на планираното прскање против возрасни комарци, граѓаните од Југоисточниот регион ќе бидат дополнително известени.

ПУШТЕН ВО ФУНКЦИЈА ПАТОТ ДО СТАЦИОНАРОТ ВО СТРУМИЦА

Градежните активности по проектот „Изградба на пристапен пат до регионалниот стационар за бездомни кучиња“ се финализираа со што од неодамна патот кој води до прифатилиштето за бездомни животни во општина Струмица е целосно функционален и истиот е пуштен во употреба.

Овој пат е од големо значење за oпштина Струмица, но и за целиот регион. Како Центар особено сме горди на овој проект затоа што и самиот стационар е изграден преку проект кој го имплементираше Центарот за развој на ЈИПР при што се овозможи oпштина Струмица да се здобие со стационар согласно сите стандарди, кој понатаму ќе биде во функција и на останатите општини од регионот. На овој начин прифатилиштето непречено ќе ја извршува работата за која е наменет. Со пуштањето во работа на стационарот бездомните кучиња добиваат можност за хумано и топло згрижување, а во исто време ќе се реши долгогодишниот проблем кој  ги измачува жителите на оваа општина.

Со проектот освен пристапниот пат во должина од 561 метри до прифатилиштето, на влезниот дел од прифатилиштето се уреди паркинг простор, зелената површина, се уреди партерно и хортикултурно, а исто така беа поставени клупи за седење, канти за отпадоци и беа засадени зимзелени дрвја.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 4.261.600,00 денари, а е финансиран од Бирото за рамномерен регионален развој и општина Струмица.

ВТОРО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

 

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 25 и 26 Јули 2022 година, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни комарци со следниот распоред:

  • На  25.07.2022 (Понеделник), во општините Струмица и Гевгелија;
  • На 26.07.2022 (Вторник), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден,  кога временските услови ќе бидат подобри.

Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства во период од 04.30 до 10.00 часот.

Прва ларвицидна дезинсекција против комарци во Југоисточниот регион

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 12 и 13 Јули 2022 година, во периодот помеѓу 09 – 16 часот ќе се изврши теристичка (по земја) апликација на средство за уништување на ларви од комарци и тоа со следниот распоред:

  • На 12.07.2022 (Вторник), во општините Валандово, Дојран, Гевгелија, Богданци, Радовиш и Конче;
  • На 13.07.2022 (Среда), во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Ова е прва ларвицидна дезинсекција од предвидените две кои се планираат да се спроведат на подрачјето на Југоисточниот плански регион. Со еден третман ќе биде опфатена површина од 82 хектари.

ЦРЈИПР ОДРЖА РАБОТИЛНИЦА ЗА КЛАСТЕРИ

На 21.06.2022 година во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамки на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ Регионалната Канцеларија за социјално претприемништво од Југоисточниот плански регион, организираше работилница за кластери. На оваа работилница присуствуваа земјоделци од Југоисточниот регион, кои се занимаваат со одгледување на раноградинарски производи и овошје, како и органско производство.

Continue reading

ПРВО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 22 и 23 Јуни 2022 година, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни комарци со следниот распоред:

  • На 22.06.2022 (Среда), во општините Струмица и Гевгелија;
  • На 23.06.2022 (Четврток), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден,  кога временските услови ќе бидат подобри.

Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства.

ОДЛОЖЕНО ПРВОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ ПОРАДИ НЕПОВОЛНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека СЕ ОДЛОЖУВА првото прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на 14.06.2022 година.

Прскањето се одложува поради неповолни временски услови т.е појава на врнежи во предвидениот период, затоа истото се планира да се спроведе во текот на наредната недела, кога ќе се подобрат истите.

За точниот датум за спроведување на планираното прскање против возрасни комарци, граѓаните од Југоисточниот регион ќе бидат дополнително известени.

Известување за прскање против комарци во Југоисточниот регион

Се известуваат граѓаните од Југоисточниот плански регион дека тендерската постапка за избирање економски оператор кој ќе изврши прскање против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион е веќе завршена и прскањето ќе започне на 14.06.2022 година.

Воедно, се известуваат граѓаните дека поради техничките проблеми и нефункционирањето на системот за јавни набавки дојде до непланирано продолжување на тендерската постапка и поради тоа прскањето против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион не можеше да биде започнато во планираниот временски период.

Со почит,

Центар за развој на Југоисточниот
плански регион

 

112 пожарникари од регионот ја облекоа својата лична заштитна опрема за гаснење на шумски пожари

Во одбележувањето на денот на пожарникарите, 20 Мај учество и придонес оваа година завзема и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Чествувањето на денот на пожарникарите оваа година пожарникарите од југоистокот ќе го паметат уште долго во своите сеќавања. 112 пожарникари од регионот денес за прв пат ја облекоа својата лична заштитна опрема за гаснење на шумски пожари, која вклучува заштитно одело (пантолони и јакна), чизми, ракавици, шлем (со заштини очила и фенер), маски со филтри и подмаска – балаклава.

Видливо беше задоволството на пожарникарите кои истакнаа дека во своето работење како пожарникари за прв пат добиваат лична заштитна опрема која е со таков квалитет и со која може да се доближат до стандардите на европските пожарникари.

 

Благодарница за успешна соработка и поддршка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион беше доделена од страна на ТППЕ Струмица.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион лична заштитна опрема за гаснење на шумски пожари додели на 50 пожарникари од општина Струмица, 27 пожарникари од општина Гевгелија, 22 пожарникари од општина Радовиш и 13 пожарникари од општина Валандово. За денот на пожарникарите, директорката на Центарот Г-а Жулиета Ѓуркова, заедно со градоначалниците на општините Струмица, Гевгелија, Радовиш и Валандово потпишаа протокол за примопредавање на опремата и им посакаа што помалку да ги користат своите одела на терен, но во случај на потреба за гаснење на шумски пожари да можат да целосно опремени да интервенираат на терен.

 

Следен чекор кој ќе ги подигне на скалилото за достигнување на европска спремност во гаснење на шумски пожари ќе бидат обуките спроведени од страна на меѓународни сертифицирани обучувачи и кои се очекува да започнат со почетокот на есента по намалувањето на ризикот од пожари.

Спроведените и идни активности се дел од имплементацијата на проектот за “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р.Северна Македонија 2014-2020.

   

 

Промовирање на волонтерството од најмали нозе!

Центарот за развој на ЈИПР заедно со партнерите од Бугарија во рамките на проектот за „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ започна кампања за подигнување на свеста за доброволното пожарникарство. Да се биде доброволен пожарникар е херој на денешницата, несебично залагање за спасување на човечки живот, природата и домовите. Љубовта кон доброволното пожарникарство треба да започне да се всадува уште од најмали нозе.

На денот на пожарникарите кога и официјано професионалните пожарникари ја добија својата опрема за лична заштита од шумски пожари, дел од дечињата од основното училиште од Валандово беа во посета на Територијалната противпожарна единица во својата општина.

Дечињата заедно со градоначалникот на Валандово, Г-н Перо Костадинов и директорката на Центарот, Г-а Жулиета Ѓуркова имаа можност да ја видат и да ја пробат новата опрема за гаснење на шумски пожари, да научат што значи да бидеш пожарникар, како се гасне пожар, што се прави кога ќе заѕвони телефонот за дојава на пожар и слично. Настанот беше одлична можност за промоција како од најмали нозе децата да се охрабрат да станат херои – доброволни пожарникари во заедницата. Можноста за гаснење на симулиран пожар, како и возењето со возилата на противпожарната единица беше на особено задоволство и голема радост на децата, но и на пожарникарите кои за возврат добија многу искрени детски насмевки.

Волонтирањето е поттикнување на граѓанската свест за поширок општествен ангажман во полза на заедницата во која живееме, една од најсуштинските и најкорисните активности што можеме како луѓе да ги превземеме уште од најмали нозе.

Проектот за “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ е финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р.Северна Македонија 2014-2020, а се имплементира од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини, Благоевград, Република Бугарија.

Сами можеме малку, а заедно може да сториме толку многу!